Куманово како најголема општина 5 години нема мамограф, потсетија од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

22.10.2022 14:48 | Оливера Пешевска

Најсигурниот начин за сигурно и рано детектирање и дијагностицирање на ракот на дојка е преглед на мамографот, кој во јавното здравство во Куманово го нема веќе 5 години, потсетија денеска членките на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово на Градскиот плоштад, по повод месецот за подигање на свеста за борба против ракот на дојката. 

Куманово како најголема општина 5 години нема мамограф, потсетија од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

„Досега не постојат доволно сознанија за ова болест и според тоа раната детекција е основа за контролата и менанџментот. Јасно е дека токму раната детекција, навремената дијагноза и третман ја зголемуваат можноста за излекување на пациентите“, изјави Ивана Лазаревска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Таа додека дека заради тоа неопходно е подобро разбирање на знаците и симптомите на ова болест, но и редовен скрининг и самоконтрола. За таа цел секоја година во месец октомври се преземаат активности за подигање на свесноста и подобрување на разбирањето на ова болест, како една од најчестите малигни заболувања.

„Покрај розевите панделки охрабруваме и за подобра едукација во училиштата и на работните места. Тоа ќе помогне во ширење и подобрување на разбирањето на болеста, како и потреба од редовна самопроверка и скрининг“, потенцирање Лазаревска.

Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска поделија флаери со едукативна содржина и розеви панделки за подигање на самосвест кај нашите сограѓанки  за да контактираат со своите матични лекари, кои подоцна ќе ги упатат на неопходните дијагнистички прегледи во соодветните институции.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk