Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ЈП „Чистота и зеленило“ ќе добие дел од новата комунална механизација, обезбедена преку донација од Светската банка за Република Македонија, која денеска беше промовирана во Скопје.
Од вкупно 49 возила, Куманово ќе добие 2 камиони за собирање смет, 1 цистерна за вода и 2 метлачки за одржување и метење на уличните површини.
„Оваа современа механизација ќе овозможи поефикасно собирање на отпадот, подобро одржување на улиците и јавните површини и поквалитетни комунални услуги за граѓаните на Куманово. За Куманово ова значи повеќе од нова механизација. Тоа значи подобри услови за работа, поефикасно јавно претпријатие, почисти улици и поквалитетна услуга за секој граѓанин“, објави директорот Сашо Томиќ, кој заедно со претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска присуствуваа на промоцијата на новата опрема.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk