Куманово ќе го добие најмодерниот плоштад со подземни решенија, најави Илиевски

09.10.2021 19:20 | Сузана Николиќ

Kандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски, најави дека Куманово ќе го добие модерен и функционален плоштад со подземни решенија, пешачка зона и зеленило. 

Куманово ќе го добие најмодерниот плоштад со подземни решенија, најави Илиевски

Проектот за реконструкција и поврзување на двата плоштади е готов уште во 2000 година, наградуван во Франција, со кој се предвидува модерен плоштад, шеталиште, подземен влез од кај улицата „Народна револуција“ до „Ленинова“ и од „Иво Лола Рибар“ до „Ленинова“, подземно паркирање на две нивоа.

„Проектот е изработени во времето на 2000-2005 година за време на градоначалникот Слободан Ковачевски. Во соработка со централната власт ќе го изградиме најмодерниот градски плоштад и шеталиште во државата. Предвидено е раскошно зеленило, урбана опрема, естетски елементи, хортикултурно уредување, 26 фонтани. На овој начин ќе се намали загадувањето и сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, а на плоштадот, ќе се одржуваат бројни култури манифестации“, рече Илиевски.

Илиевски, на прес -конференцијата рече дека претходната власт вложила само во две тениски игралишта и автопат од седум километри и нагласи дека сега со поддршка на централната власт, министрите, замениците-министри од Куманово и Владата ќе се реализираат бројни проекти во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk