Куманово, Липково и Старо Нагоричане нетранспарентни општини

17.06.2015 12:15 | KumanovoNews

Општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане не се доволно  транспарентни кон граѓаните, покажало истражувањето на Млади Европски Федералисти ЏЕФ Македонија.

Куманово, Липково и Старо Нагоричане нетранспарентни општини

На своите веб страници, општините не објавуваат доволно информации за тоа каде се трошат народните пари. Од оваа невладина организација ќе им укажат на општините дека мора да објавуваат повеќе информации на своите веб страници, да дадат отчет за потрошените пари, програмите за работа, и да објават кое лице е задолжено за давање на информации од јавен карактер.

“Нашата општина само видео записи од седници од совет објавува. Алармантни податоци добивме од 81 општина, 4 немаат веб страни, 26 се целосно нетранспарентни, 24 се делумно транспарентни, 23 се транспарентни и само 3 се високо транспарентни. Не баравме многу, баравме малку податоци, имавме минимална дефиниција, но сепак повеќето не ја задоволуваат и неа“ - изјави Сања Богатиновска, претседател на Млади Европски Федералисти ЏЕФ Македонија.

Најтранспарентни во Македонија се општините Битола, Велес и Илинден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk