Куманово меѓу општините опфатени со пробниот попис

15.06.2019 05:26 | KumanovoNews

Куманово е една од 13 општините што е опфатена со пробниот попис на населението, домаќинствата и становите.

Куманово меѓу општините опфатени со пробниот попис

Вработените во Државниот завод за статистика вчра излегоа на терен да ги бележат границите каде ќе се одвива пописот.

Попишувањето се спроведува електронски, а попишувачите со лаптопи поврзани преку интернет конекција директно во посебна апликација ги внесуваат податоците.

Секој попишувач треба да пополни три типа прашалници: за условите на живеење во домаќинството, за типот и квалитетот на станбениот простор и прашања за демографските, социолошките, економските и етно-културолошките белези на населението.

Пробниот попис почнува денеска  од 9 часот и ќе трае до крајот на месецот, а покрај во Куманово ќе се спроведува и во општините Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Штип, Радовиш, Свети Николе, Кратово, Прилеп, Долнени, Струга, Кичево и Валандово.

Пописот на населението, домаќинствата и становите треба да се реализира во април 2020.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk