Куманово најзагаден град во државата

06.12.2016 09:36 | KumanovoNews

Дури 14 пати над дозволеното беше присуствито на штетните честички во воздухот, синоќа во Куманово.

Куманово најзагаден град во државата

Според резултатите на мерната станица нивото на ПМ честичките е 720 микрограми на метар кубен, а дозволени се 50 микрограми.

Eкологистите велат дека причина за големото загадување е екот на грејната сезона со нeквалитетно огревно дрво, користење на пластика и отпаден матерјал за затоплување на домовите,голем број на стари автомобили, немањето на доволно зеленило во градот, соголените шумски појаси и непланската градба со повеќекатници кои го сопреа провевот и струењето на воздухот во градот.

Куманово важеше за град со чист воздух, бидејќи според местоположбата постојано е изложено на воздушни струења, но со климатските промени таа придобивка се изгуби. Долги години не работеше мерната станица и не се контролираше квалитетот на воздухот, па граѓаните и незнаеа што дишат.

И покрај алармантната состојба, надлежните државни и локални власти не преземаат ништо за решавање на проблемот, а по се изгледа дека на граѓаните и на еколошките здруженија не им пречи ваквата состојба. Наместо да организираат протести како во другите градови тие растрчани по митинзи и партиски активности немаат време да размислуваат каков воздух дишат нивните деца. И повеќето партии во своите предизборни ветувања ја заборавија здравата и чиста животна средина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk