Куманово одвои 400.000 денари помош за семејствата на настраданите во несреќата во збратимениот Нови Сад

26.11.2024 20:43 | KumanovoNews

Парична помош во висина од 400.000 денари  или околу 6.500 евра, одвои Општина Куманово за семејствата за настраданите во несреќата во збратимениот град Нови Сад, Република Србија. 

Куманово одвои 400.000 денари помош за семејствата на настраданите во несреќата во збратимениот Нови Сад

Несреќата се случи на 1 ноември на Железничката станица кога падна настрешница и усмрти 15 луѓе. Меѓу загинатите е и македонскиот граѓанин Васко Саздовски од Свети Николе.

„Од вкупниот износ 300.000 денари ќе бидат уплатени на сметката на Општина Нови Сад, а 100.000 денари на сметката на семејството Саздевски. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Куманово за 2024 година, од ставката тековни резерви наменети за парична помош во случај на несреќа“, објаснија од Општина Куманово пред советниците.
 
Одлуката беше донесена едногласано од сите присутни советници на денешната седница на Советот на Општина Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk