Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јавното претпријатије Куманово-паркинг“ во 2016 година ќе потроши 14 милиони денари за улично осветлување, 3 милиони за нова градба и 4 милиони за реконструкција.
На денешната 45-та седница на Советот на општина Куманово, дел од советниците реагираа дека во градот има проблеми со уличното осветлување.
Градот ни е неосветлен, централното градско подрачје, за населбите да не збориме. Замената се врши со месеци откако ќе пријават граѓаните - кажа Христина Краиновиќ, советничка од ВМРО-ДПМНЕ.
Директорот на „Куманово-паркинг“, Фадиљ Шабани рече дека се трудат да одговорат на потребите на граѓаните и осветлувањето да биде што подобро.
Во делот на уличното осветлување граѓаните се сведоци дека во последно време, централното градско подрајче, меѓутоа и сите делови надвор од централно градско подрачје односно околина, се осветлени и правиме надчовечки напори тоа да го завршиме успешно - изјави Шабани.
Тој на седницата потенцираше дека имаат потреба од ново пајак возило и планираат истото да го купат во 2016 година за што ќе им треба дозвола од општината. Шабани кажа дека она пајак возило што веќе го користат е произведено во 1986 година, а потребна е и машина за бележење на паркинг простор.
Советниците ги поддржаа програмите на ова претпријатије кои се најдоа на дневен ред на седницата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk