Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово утре ќе биде домаќин на одбележувањето на Денот на олимпизам.
Манифестацијата ќе се одржи на атлетскиот полигон на средното училиште Наце „Буѓони“, а ќе присуствуваат претставници од МОК, луѓе кои дале белег на олимписките игри, спортисти и ученици.
„ Чест ни е што Куманово е избрано да го промовира олимпизмот, бидејќи сме олимписки град. Ние имаме тројца олимпијци кои освоиле награди на некои од Олимписките игри. Аце Русевски, Реџеп Реџеповски и Бранимир Јовановски“- рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Прославата е закажана во 11 часот, а ќе земат учество екипите на основните училиште „Крсте Мисирков„ и „Браќа Миладиновци“ во кошарка, футсал, и трка на 200 метри.
Манифестацијата е под покровителство на Македонскиот олимписки комитет, а ќе присуствува и нејзиниот претседател.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk