Куманово прво оформи економско - социјален совет

13.06.2013 15:30 | KumanovoNews

 Куманово е прв град во државата, кој формираше економско - социјален совет кој ќе организира обуки за невработените лица, ќе ги следи политиките за вработување кои државата ги нуди и ќе дава препораки до општинскиот совет.

Куманово прво оформи економско - социјален совет

Ние како општина, самоиницијативно уште во 2009 година формиравме локален економско - социјален совет. Тоа е тело во кое има членови од локална самоуправа, организација на работодавачи и синдикат. Советот  е составен од девет члена од кои три члена се од локалната самоуправа, три члена од Организација на работодавачи, два члена од Сојуз на синдикати на Македонија и еден од Конфедерација на слободни синдикати на Македонија. Се третираат прашања од трудова, економско - социјална сфера. Има од ИПАРД фондови огромни средства кои преку проекти можат да се искористат. Економско - социјалниот совет не носи одлуки, туку може да дава предлози до Советот на Општината - вели Гордица Бошковска, секретар во економско - социјален совет.

Бошковска објаснува дека досега направиле обука за дизајнери, обука за правење на проекти, а во своите активности ги вклучиле и невработените од Кратово и Крива Паланка.

Последнава година советот не е активен, иако како тело има многу значајна улога и може многу да придонесе за заедницата.

УСАИД настојува што повеќе градови во Македонија да добијат економско - социјални совети.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk