Куманово се приклучи на главниот гасовод

02.11.2010 16:50 | KumanovoNews

 Куманово конечно се приклучи на главниот гасоводен систем на „ГАМА„. Со поставување на мерно-регулационата станица, јавното претпријатите „Куманово-гас„ може да започне со дистрибуција на гас до потрошувачите во градот.

Куманово се приклучи на главниот гасовод

Она што го очекувавме повеќе од една година, толку споменуваната мерно-регулациона станица со капацитет од 6 000 метри кубни гас на час денеска ја поставуваме. Станицата ја монтираат екипита на А.Д.„ГАМА„, која ја приклучи на нивниот преносен систем и ФЗЦ „11 Октомври„ што направи спојување со нашиот преносен систем. Со ова „ГАМА„ си ја завршува својата обврска и се создаваат можности од понеделник да го отвориме вентилот и да го пуштиме гасот низ нашиот систем. Истиот ден ќе се приклучи и првиот потрошувач во градот Домот на стари лица „Зафир Сајто„- рече директорот на ЈП „Куманово-гас„ Момчило Мирчевски.

Според програмата на претпријатието до крајот на годинате ќе се приклучат сите поголеми потрошувачи што ги исполнуваат условите и ги прилагодиле своите системи за затоплување на гас, а тоа се  градинаката „Синоличка„, Општината и јавните претпријатија „Чистота и Зеленило„ и „Водовод„. Од идната година се очекува масовна гасификација, како на фирмите, така и на домаќинствата.

Се очекува градот за две години целосно ќе биде гасифициран. До сега се потрошени 4 милиони евра исклучиво сретства од буџетот на општина Куманово, а проектот чини околу 10 милиони евра и ќе се довршува со јавно-приватно партнерство- вели Мирчевски.

ЈП „Куманово-гас„ преоктот го започна пред 4 години и досега реализираше околу 30 одсто од предвиденото, и постави 10 километри цевковод низ централното градско подрачје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk