Куманово се снабдува со безбедна и квалитетна вода за пиење

03.04.2021 10:23 | KumanovoNews

Жителите на Куманово се снабдуваат со безбедна и квалитетна вода за пиење, покажаа резултатите од испитувањето Институтот за јавно здравје во Скопје.

Куманово се снабдува со безбедна и квалитетна вода за пиење

Во информацијата од санитарно-хигиенскиот и стручен увид, која е доставена до ЈП „Водовод“ стои дека : „Фабриката за преработка на вода за пиење ја пречистува водата за пиење и го снабдува населeнието на Куманово со безбедна вода за пиење“.

 - Квалитетот на безбедноста на водата за пиење редовно се мониторира, а подготвениот извештај е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство, - стои во извештајот.

Од таму додаваат дека и покрај тешката финсиска состојба на ЈП „Водовод“ менаџерскиот тим посветува доволно внимание за непречено функционирање на Пречистителната станица. Подготвен е елаборат за заштитни зони и заштитни мерки и инсталиран е скада систем.

Од претпријатието се бара да овозможи посета на стручни обуку на вработените од областа на пречистување на вода и да обезбеди средства за замена на 42 вентили во Фабриката за преработка на вода.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk