Куманово се збратими со Бања Лука

23.04.2019 17:52 | KumanovoNews

Општина Куманово се збратими со Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина.

Куманово се збратими со Бања Лука

Договорот за збратимување на двата града  вчера го потпишаа градоначалниците Максим Димитриевски и Игор Радојичиќ.

„Во последните осум години нашите градови соработуваат на полето на културата и уметноста. Онаа што беше најбитно е што бевме едни до други во најтешките мигови, а тоа е во 2014 година кога Бања Лука имаше големи проблеми со поплавите и во 2015 година кога Куманово имаше немили настани. Нашата соработка продолжува понатаму, разговаравме за можна соработка во областа на спортот, образованието и на полето на бизнисот“ , - изјави градоначалникот Димитриевски.

Градоначалникот Радојчиќ истакна дека во досегашната соработка со Куманово се почуствувала искрена топлина и пријателство.

Голема е среќата да се има уште еден ваков пријател“, – истакна градоначалникот Радојичиќ.

Делегација од Општина Куманово, градоначалникот и претседателот на Советот Атина Мургашанска, по повод Ден на градот беа во дводневна посета на општина Бања Лука.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk