Куманово слави 71 година од ослободувањето

11.11.2015 09:22 | KumanovoNews

Куманово денеска одбележува 71 година од ослободувањето.

Куманово слави 71 година од ослободувањето

На 11 ноември 1944 година Куманово е ослободено од фашистичката војска. Жестоки борби за слобода се воделе од 1 до 11 ноември, а во акциите за ослободување на Куманово учествувале две бригади од составот на кумановската дивизија и баталјон на народната одбрана. Во четиригодишната броба против фашистите учествувале над 2000 кумановски борци, од кои 455 загинале. Куманово , градот првоборец дал осум народни херои: Киро Фетак, Перо Чичо, Боро Менков, Бајрам Шабани, Боро Петрушевски - Папучар, Христијан Тодоровски - Карпош, Мара Нацева и Трајко Стојковски.

По ослободувањето, Куманово се развива во значаен стопански, културен и спортски центар во Македонија и на Балканот.

Во чест на празникот денеска во 11 часот свежо цвеќе ќе биде положено на Спомен костурница, а во 12 часот ќе се одржи свечена седница на која ќе бидат врачени Ноемвриските награди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk