Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пет изложби на уметничка фотографија и дванаесет фотографски проекции ќе се прикажат утре во Куманово, на првиот Малински фото фестивал, на кој ќе бидат прикажани голем број на наградени уметнички фотографии од домашни и странски автори.
Организаторите од фото клуб “Куманово“ подготвија богата агенда со настани кои ќе се одржуваат во клубот “Баер", Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, Уметничка галерија и просториите на клубот. Со овој фестивал тие сакаат да оддадат признание на првата кумановска фамилија Малински, која во почетокот на 20-от век се занимавала со фотографија.
“Куманово е град кој што има богата фотографска традиција, и голем број љубители на фотографија. Идејата за овој фестивал дојде спонтано, како чекор напред во организациските активности кои генерации фотографи ги имаат оставено во историјата. Едноставно, успеавме да ја увидиме гладта на публиката за уметничко изразување, уживање и тоа не само во Куманово, туку и во Македонија. Како почесни гости на фестивалот ќе имаме светски реномирани имиња, кои не случајно брзо се одзваа на нашата покана. Фото клуб “Куманово“ иако е млад, во своето јадро има етаблирани автори на светско ниво кои многу придонесоа за успешна реализација на фестивалот“ - изјави Софија Петковска, претседател на фото клуб “Куманово“.
Организаторите планираат во иднина Малински фото фестивал да биде традиционален и да се надградува.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk