Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово утре ќе биде во жолта фаза и се очекуваат температури до 38 степени.
Топлотниот бран е потенцијална опасност за здравјето на луѓето, посебно за срцевоболните, хронично болните, старите луѓе и бремените жени.
„За време на топлотен бран во периодот од 10 до 17 часот, да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности. Останете, колку што е можно, во затворени климатизирани простории. Затворете ги прозорците и ролетните во тек на денот, отворете ги навечер кога температурата е пониска. При неопходен престој на отворен простор, избегнувајте директна изложеност на сонце, најдете можности за почести одмори под сенка - препорачуваат од Министерство за здравство.
Во жолта фаза утре заедно со Куманово ќе бидат Скопје, Велес и Свети Николе.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk