Куманово утре во жолта фаза

29.07.2015 09:14 | KumanovoNews

Според најавата на метеоролозите Куманово заедно со Скопје, Велес и Свети Николе, утре ќе биде зафатено со високи температури што претпоставува потенцијална опасност по здравјето на луѓето.

Куманово утре во жолта фаза

Најавениот топлотен бран се класифицира како ниво 1 жолта фаза.

Поради тоа потребно е спроведување на мерките за заштита од високите летни температури на населението, особено на ранливите групи.

Тоа значи да не се излегува без потреба во периодот од 10 до 17 часот, да се пие повеќе течност, да се избегнува физичка активност и внесување на мрсна храна, да се седи во затворени климатизирани простории и хроничните болни да ги почиуваат препораките на матичните лекари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk