Куманово вечерва се гуши во смог

18.12.2024 21:10 | KumanovoNews

Куманово вечерва  еден од најзагадените градови во земјава и се гуши во смог. 

Куманово вечерва се гуши во смог

Според податоците од мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање, концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот во 21.00 часот е 215 мг/м3, а максимално дозволената граница е 50 мг/м .

Неодамнешното истражување покажа дека причина за големото загадување на Куманово е нeквалитетно огревно дрво, користење на пластика и отпаден матерјал за затоплување на домовите, голем број на стари автомобили, немањето на доволно зеленило во градот, соголените шумски појаси и непланската градба со повеќекатници, кои го сопреа провевот и струењето на воздухот во градот.

Граѓаните бараат надлежните локални и државни институции да преземат конкретни мерки за заштина на животната средина и здравјето на граѓаните. Од загадениот воздух  секоја година умираат околу 2.800 жители на земјава.

Куманово некогаш важеше за град со чист воздух, бидејќи според местоположбата постојано е изложен на воздушни струења, но со климатските промени и урбаниот хаос таа придобивка се изгуби.

 

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk