Куманово вечерва е најзагаден град во земјата

08.03.2025 20:44 | KumanovoNews

Куманово вечерва е со многу висока загаденост на воздухот.

Куманово вечерва е најзагаден град во земјата

Според податоците од мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање, концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот во моментот (21.15 часот) е 258 микрограми на метар кубен. Тоа е за 5 пати над дозволеното присуството на штетните честички во воздухот.

Максимално дозволената граница е 50 мг/м .

Eкологистите велат дека причина за големото загадување на Куманово е нeквалитетно огревно дрво, користење на пластика и отпаден матерјал за затоплување на домовите, голем број на стари автомобили, немањето на доволно зеленило во градот, соголените шумски појаси и непланската градба со повеќекатници, кои го сопреа провевот и струењето на воздухот во градот.

После Куманово, по загаденост вечерва следуваат Кичево 175 мг/м3, Охрид со 152 мг/м3, Центар 128мг/м3, ....

Лекарите препорачуваат  огранчени движења и активности на отворен простор на најранливите категории на граѓани- деца, стари лица, хронично болни со белодробни или кардиоваскуларани болести, а се нагласува особена внимателност за граѓаните со белодробна астма. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk