Куманово во портокалова фаза

11.07.2012 07:22 | KumanovoNews

 Десет градови во Македонија, меѓу кои и Куманово се влезени во портокалова фаза и за наредните два дена се препорачува трудниците и постарите од 60 години да не излегуваат на сонце. Се очекуваат температури до 41 Целзиусов степен.

Куманово во портокалова фаза

Градежните работници, децата во градинките од 11 до 16 часот треба да не излегуваат надвор и да немаат физичка активност. Во петок температурата ќе се намали за 2 до 3 степена, а ново покачување ќе има за време на викендот. УВ индексот е 10, што укажува дека состојбата е алармантна.

Од Министерството за здравство велат дека вонредна состојба може да се прогласи ако температурите се искачат до 44 степени.

Синоќа во кумановско имаше мало заладување по краткотрајниот дожд проследен со силен ветер и грмежи. 

Од управата со справување со кризи велат дека невремето не предизвикало штети во регионот,  како што тоа се случило во источниот дел на земјата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk