Куманово за зимско одржување на улиците и патиштата ќе потроши 10 милиони денари

03.12.2019 20:05 | KumanovoNews

Фирмата „КООП Инжинеринг“ од Куманово го доби тендерот за зимско одржување на улиците и патишата во Куманово. Договорот кој го склучила со општината тежи 10 милиони денари.

Куманово за зимско одржување на улиците и патиштата ќе потроши 10 милиони денари

Од Општина Куманово тврдат дека се е подготвено за зимското одржување на улиците и локалните патишта на целата територија на општината.

Момчило Јовановски, помошник раководител во секторот за урбанизам, вели дека оваа зима нема да ги изненади првиот снегот затоа што веќе е избрана фирма и екипите навремено ќе интервенира кога за тоа ќе биде потребно.

„Фирмата „КООП Инжинеринг“ од Куманово е изберена на тендер за зимско одржување на улиците. Поседува соодветна механизација и потребните количини на индустриска сол и ризла. Според договорот постои поделба на улиците по приоритет и врз основа на тоа ќе се чисти снегот“, - вели Јовановски.

Вредноста на договорот е 9.996.322.80 денари или 160 илјади евра, а наплатата ќе биде врз основа на изработеното и ангажирањето на механизацијата.

Во прв приоритет спаѓаат улиците во централното градско подрачје и булеварите, критичните точки до пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот до стопанските објекти. Оние што се надвор од централното градско подрачје и на периферијата на градот се од втор приоритет.

Регионалните, магистралните и авто патишат ќе ги чисти „Македонија пат“, а тротоарите и годинава се оставени за расчистување од вработените на ЈП „Чистота и зеленило“.

Согласно законот, секој сопственик на деловен простор во централното градско подрачје е должен да го исчисти тротоарот пред својот дуќан.

Граѓаните речиси секоја година имаат забелешки на чистењето на снегот од улиците, особено на споредните улици  во градот и во населбите.

Фирмата „КООП Инжинеринг“  и минатата година беше задолжена за зимско одржување на улиците во Куманово. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk