Куманово жали за загинатите: Нема зборови кои ќе ја намалат тагата и болката за изгубените животи, порача Димитриевски

14.02.2019 13:38 | KumanovoNews

Градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски изрази сочувство до градоначалникот на Гостивар и до семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа, која се случи вчера на автопатот Скопје – Тетово.

Куманово жали за загинатите: Нема зборови кои ќе ја намалат тагата и болката за изгубените животи, порача Димитриевски

„Во мое лично име и во името на граѓаните на Општина Куманово, примете длабоко сочувство за загубата на вашите сограѓани во трагичната сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје- Тетово. Како градоначалник и Општина, ви стоиме на располагање за поддршка и помош во моментите кога ви е најпотребно. Ве молам, пренесете искрено сочувство до семејствата на загинатите, а на сите повредени им посакувам побрзо закрепнување. Во оваа тешка ситуација нема зборови кои ќе ја намалат тагата и болката за изгубените животи, но со нашите мисли ви посакуваме да најдете олеснување и надеж за да продолжите понатаму “, -  стои во пораката со сочувство од градоначалникот Димитриевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk