„KumanovoNews“ номиниран во категоријата информативни сајтови

26.11.2014 10:21 | KumanovoNews

“Кумановоњуз“ влезе во конкуренција за избор на Сајт на годината 2014 во категоријата вести и информации.

„KumanovoNews“ номиниран во категоријата информативни сајтови

Со тоа се потврдува нашата посветеност за точно и навремено информирање на граѓаните на Куманово и регионот.

За Кумановоњуз може да гласате во категоријата најдобар сајт за вести и информации, под реден број 35. Кумановоњуз е единствениот сајт од нашиот град кој е номиниран за избор на Сајт на годината.

Гласањето ќе трае до 5 декември со внесување на електронска адреса на sajtnagodinata.mk. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени.

Mанифестацијата „Сајт на Годината“ во организација на Медиа Солушн и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по петти пат оваа година.

Резултатите ќе бидат објавени на 11 декември.

Изборот на Сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk