Кумановска епархија:Свети Трифун не е пијаница

12.02.2015 10:00 | KumanovoNews

Од Кумановско - осоговската епархија апелираат до верниците да не практикуваат пагански обичаи за православниот празник Свети Трифун.

Кумановска епархија:Свети Трифун не е пијаница

Отец Игор Здравковски вели дека верниците треба да знаат кој бил Свети Трифун, за да не го нарекуваат пијаница и да го празнуваат со пиење алкохол.

“Свети Трифун е маченик кој што не сакал да се одрече од Христа. Му биле забодени клинци во нозете, бил закачен за коњ за да трча по него се додека не умре. Ако имаме таков пример на љубов, на милост, на страдање на Христа и светителите, срамно е Свети Трифун да се нарече пијаница. Самите светители не ни дадоа пример да ги празнуваме празниците како што народот ги празнува. Апелирам да не бидеме неопагани, да се нарекуваме христијани, а примерот на оние кои ги празнуваме да не го следиме. И уште една заблуда треба да појаснам. Во народот името Трифун се нарекува Трипун или трпа, и ако излезат на Задушница мислат дека ќе се натрупале умрените. Трифун или Трифон значи три ѕвон. Тој бил маченик и нема врска со трупање на нешто“ - изјави Здравковски.

За католичкиот празник Свети Валентин, Здравковски рече дека исто така бил маченик, но нема врска со еротската љубов, туку ја ширел љубовта кон Бога.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk