Кумановската библиотека побогата со англиска литература

22.10.2014 11:31 | KumanovoNews

Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ отворен е англиски ресурсен центар, проект кој го реализира општината и Мировен корпус.

Кумановската библиотека побогата со англиска литература

Англискиот ресурсен центар располага со богат избор на книги и понатаму ќе прерасне во англиско катче.

“Набавени се над 200 наслови од областа на белетристиката, потоа помошни материјали за настава на англиски литературен јазик, како и сертифицирани програми за степенот на познавање на англиски јазик за потребите на ученици, студенти, професори, администрација и за сите заинтересирани корисници на библиотечните фондови“ - изјави Нада Ивановска, директорка на “Тане Георгиевски“.

Во проектот ќе има повеќе активности како литературни читања, промоции и трибини.

“Ова е мал проект финансиски гледано, меѓутоа, од големо значење за општина Куманово, па и за Македонија. Од аспект дека овдека ќе имаме американско катче, сепак нашето пријателство со Америка треба да се прошири, продолжи и продлабочи. Со Мировен корпус имаме одлична соработка, Кевин Ворк го проби мразот. Се појави личност која може да помогне за граѓанското општество“ - вели Горан Митевски, раководител на сектор за  меѓународна соработка и евроинтеграгии во општина Куманово.

Волонтерот на Мировен корпус, Кевин Ворк се надева дека материјалите ќе им помогнат на учениците и наставниците во совладување на англискиот јазик.

“Ќе го доближиме англискиот јазик. Ќе можат да се подготват за ТОФЛ ако сакаат да работат во странство. Си заминувам следната недела и новиот волонтер ќе го заземе моето место. Овој проект ќе биде извонреден, ова е добар почеток“ - рече Ворк.

Книгите се обработени и веќе се ставени на користење.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk