Кумановската болница ќе добие дигитален мамограф

18.09.2015 09:03 | KumanovoNews

Општа болница Куманово е една од шесте болници кои до крајот на годината ќе добијат дигитален мамограф.

Кумановската болница ќе добие дигитален мамограф

Министерството за здравство ги потпиша договорите за набавка на мамографите, а веќе течат роковите за испорака. Се работи за апарати во вредност од околу 40 милиони денари. Со набавката и инсталирањето на мамографите се зголемува бројот на јавни здравствени установи каде може да се врши ваква дијагностика, ќе се забрза протокот на пациенти, ќе се намали времето на чекање и ќе се помогне во спроведувањето на скринингот.

Покрај нашата болница, дигитални мамографи ќе добијат и Kлиниката по хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, Клиничката болница во Штип и во општите болници во Кавадарци,  Прилеп и Кочани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk