Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ендоскопски столб и видео ларингоскоп, се два нови апарати коишто Министерството за здравство, ги набави за потребите на Општата болница во Куманово.
При денешената посета министерот за здравство Венко Филипче, објасни дека станува збор за најмодерна опрема којашто се користи и во најразвиените европски центри.
„Сега оваа опрема е на располагање на докторите во Куманово. Имајќи ја во предвид нивната голема експертиза, но и огромниот број на пациенти од дигестивна хирургија, кои се лечат во оваа болница не само од Куманово, туку и од поширокиот регион, којшто покрива близу 250 илјади граѓани. Со новата опрема одлична е визуелизацијата на органите и се намалува ризикот од компикации при операција“, - изјави Филипче.
Директорката на болницата Снежана Захариева, го објасни значењето на апаратите при вршењето на хируршките, гинеколошки и ортопедски операции, и нагласи дека секоја болница мора да ги поседува.
На новинрско прашање дали има кој да работи со овие апарaти, директорката одговори дека сега има, но предходно бил слаб интересот за специјализација по анестезиологија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk