Кумановската болница доби нови апарати за одделот на гинекологија

27.12.2019 14:36 | KumanovoNews

Општата болница во Куманово, доби вредна медицинска опрема на одделот за гинекологија и акушерство.

Кумановската болница доби нови апарати за одделот на гинекологија

Донацијата се состои од стерилизатор за медицински инструменти, две инфузиски пумпи наменети за претпородилната и породилната сала и гинеколошки кревет за прегледи за амбулантата на одделот.

Донацијата ја обезбеди компанијата ОКТА, а се реализира во консултација и соработка со глобалната здравствена и хуманитарна организација Project Hope, специјализирана и посветена на подобрување на функционирањето на здравствените системи низ целиот свет.

„Со новите апарати се зајакнува системот на гинекологија и акушерство на ран третман на рано родените бебиња и се намалува смртноста кај новоренчињата“ , - изјави министерот Филипче.

Директорката Снежана Захариева, во име на вработените и пациентите се заблагодари за донацијата.

„ Апаратите се дадени на вистинското место, бидејќи ни се навистина потребни“, - изјави директорката Захариева.

Главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Геруланос, верува дека донацијата на модерна медицинска опрема ќе придонесат значително да се подобрат условите на одделот за гинекологија и акушерство во Општата болница во Куманово.

Во Кумановската болница годишно има околу 1100 раѓања годишно.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk