Кумановската болница доби современа опрема

08.07.2010 14:17 | KumanovoNews

 Општата болница во Куманово доби современа дигитална опрема вредна над 100 илјади евра. Опремата е обезбедена со сретства на Болницата, а е неопходна за да се подобрат условите за лекување на пациентите.

Кумановската болница доби современа опрема

 Два електрохалтери, 3 аспиратори, 7 монитори од кои 2 се последен збор на техниката, неколку маси за инструменти и 2 ЕКГ- апарати. Опремата ќе биде распоредена на кардиолошкото, интерното, aнестезиологија, а ехото за дојка и абдоменот  на радиологија. Лабараторијата досега функционираше со стари и дотрајани апарати, а сега имаме нов апарат со кој ќе можеме да направиме анализи на хормони, тумор маркери и апарат за алерготестовите, каков што немавме досега -вели директорот Ариф Љатифи.

Пациентите од кумановскиот регион досега за потешките и посложени операции се праќаа во Скопските болници, но со ова осовременување на апаратите се очекува да се намали одливот на пациенти. Наесен во Општата болница треба  да започне и реконструкцијата на зградите и објектите за што се предвидени средства од 1 милион  евра.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk