Кумановската болница купи ново амбулантско возило

26.06.2023 11:41 | Сузана Николиќ

Општата болница во Куманово набави ново амбулантско возило, кое ќе служи за транспорт на пациенти. Возилото е купено од сопствени средства на установата и чини 2,3 милиони денари.

Кумановската болница купи ново амбулантско возило

„Болничкиот возен парк е збогатен со ново комплетно опремено амбулантно возило. За разлика од досегашните возила кои се обезбедени од донации или купени користени, сега за прв пат е обезбедено ново возило од сопствени средства на болницата. Во моментот имаме две возила кои се во функција, со кои ги опслужуваме граѓаните на Куманово и околните општини, а две се на поправка, но се надевме дека многу брзо и тие ќе се користат. Ние постојано вршиме набавка на се што е потребно заради подобрување на квалитетот на услугите на пациентите. Во тек е постапка и за набавка на нова медицинска апаратира од нашиот буџет“, изјави директорката Снежана Захариева.

За амбулантските возила кои се на поправка веќе извесен период се чекаат делови од странство. Возилото кое беше донација, и се наоѓаше во одлична состојба неодамна беше уништено во сообраќајна незгода во Скопје, кога во него удри автомобил на раскрсница.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk