Кумановската болница набави 200 душеци

27.02.2015 14:17 | KumanovoNews

Општата болница Куманово потроши 700.000 денари сопствени средства за набавка на 200 душеци.

Кумановската болница набави 200 душеци

Душеците ќе бидат опремени одделенијана за гинекологија и акушерство, интерна медицина, детски болести и хирургија. Директорот Ариф Латифи вели дека новите душеци ќе придонесат за поквалитетни болнички услуги.

„Ние во болницата имаме 306 кревети и со ова мислам дека ја исполнивме нашата примарна цел. Ги опремуваме нашите одделенија по современи стандарди. Душеците се купени од наши средства и ќе бидат сместени низ целата болница“ - рече Латифи.

Главната сестра Ариета Ајрулаи вели дека душеците се од непропустлив материјал и се погодни за дезинфекција.

“Кај нас не смее да биде душекот нечист, бидејќи може да се добие инфекција. На нашето одделение досега не сме имале инфекција, дури и во Македонија може да се пофалиме дека сме меѓу првите“ - вели Нисо Тасев, началник на гинеколошко - акушерско одделение.

Првите 50 душеци денеска беа распоредени на болничките одделенија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk