Кумановската гитаријада вечерва во Занаетчиски дом

30.12.2021 12:42 | Жаклина Цветковска

Возобновено издание на „Гитаријада Куманово 2021” вечерва ќе се одржи по третпат во Занаетчискиот дом, со почеток во 21 часот.

Кумановската гитаријада вечерва во Занаетчиски дом

Гитаријадата е во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Оваа година ќе учествуваат: Д.Н.О., Сашко Костов и Волтура.

„Овој музички настан е врежан во трајната меморија на кумановци, како една од ретките можности на кои младите бендови имале можност да го презентираат нивниот звук, а оваа година ќе има ревијален карактер, велат организаторите.

Влезот е слободен, а “Гитаријадата” ќе се одржи со почитување на сите мерки за заштита од ковид-19.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk