Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 140 вработени во судската администарцијата денеска излегоа на предупредувачки штрајк пред Основниот суд Куманово.
Тие два часа го изразија своето незадоволство од законските решенија донесени со Законот за судска служба од 2014 година, кој се применува од февруари годинава.
Од моментот на донесување на овој закон, ние преку синдикатаот на УПОЗ и Здружението на судска администрација во неколку наврати исправивме забелешки и предлози за измена на законот, но за жал до денес тој остана непроменет. Како главни забелешки ги имаме постапката и временскиот период на донесување на законот, добар дел од законските одредби содржат рестриктивен и репресивен карактер, дискриминаторски и одредби кои содржат демотивирачки елементи за судските службеници. Како пример го посочуваме оценувањето кое е инструмент за казнување, бидејќи 5 % од судските службеници можат да бидат наградени, но 5 % мора да бидат казнети иако навремено ги извршиле своите работни обврски, - велат административците.
Тие апелираат до надлежните да изготват измени и дополнување на Законот за судска служба, а при тоа да се земат во обзир нивните забелешки. Доколку не се прифатат нивните предупредувања, судската администрација најавува дека ќе го радикализира протестот.
Протестот го организира Синдикатот и Здружението на судска администрација и се одржува во сите судови во државата
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk