“Кумановски акцијаши“ бараат сугестија од граѓаните каде да се чисти

05.09.2015 13:02 | KumanovoNews

Здружението “Кумановски акцијаши“ бара сугестија од граѓаните да им предложат локација каде треба да се исчисти и уреди просторот за општо добро.

“Кумановски акцијаши“ бараат сугестија од граѓаните каде да се чисти

Секој од вас кој има идеја за некоја акција која е од општ интерес на граѓаните на Куманово и за самото Куманово, во смисла на просторно уредување, озеленување, а за која мисли дека ќе наиде на одобрување од сите чинители на општината, пишете ни се на е-маил адреса: [email protected] - вели Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“.

Граѓаните можат да ги контактираат во седиштето на улица “11 Ноември“ бб секој ден од 18 до 20 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk