„Кумановски акцијаши“ ќе чистат кај Менкова колиба

29.11.2014 12:27 | KumanovoNews

Здружението на граѓани “Кумановски акцијаши“ достави иницијатива до Советот на општина Куманово, со која бара поддршка за да на 12 декември го исчисти просторот кај Менкова колиба.

„Кумановски акцијаши“ ќе чистат кај Менкова колиба

Претседателот на Советот, Максим Димитриевски ја поздрави иницијативата и вели дека советниците треба да им излезат  во пресрет.

Тоа е мултиетничко здружение кое поднесе иницијатива за чистење на локалитетот Менкова колиба. Истиот знаеме дека се наоѓа во многу лоша состојба, и е запоставен тотално од надлежните државни органи. Тоа е наш историски споменик од Втората светска војна, и ќе го дадам својот максимум како советник,  и моите колеги советници да истата иницијатива ја поддржиме и Менкова колиба да биде украс на нашиот град - вели Димитриевски.

Тој апелира до невладините организации од Куманово,  да го следат овој пример и да придонесат за својата општина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk