„Кумановски акцијаши“ ќе чистат зад Монопол

23.09.2015 09:31 | KumanovoNews

Членови на Здружението “Кумановски акцијаши“ во недела ќе чистат на улица “Страшко Арсов“ зад Монопол.

„Кумановски акцијаши“ ќе чистат зад Монопол

Ги повикуваат граѓаните да им се приклучат во акцијата за разубавување на околината.

Како што ветивме “Кумановски акцијаши“ во  недела со почеток во 10 часот на улица “Страшко Арсов“ зад Монопол ќе изведе работна акција за уредување на јавна површина,  со која ќе се унапреди животната средина на жителите од овој дел од градот. Ја користиме приликата да ги повикаме сите граѓани, пријатели и симпатизери на нашето здружение да ни се придружат во изведувањето на ова акција - вели Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“.

“Кумановски акцијаши“ ќе изведат акции за чистење на повеќе локации до крајот на оваа година и наредната.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk