„Кумановски акцијаши“ ќе избираат најдобро еко-семејство

19.04.2018 06:37 | KumanovoNews

Здружението за доброволна волонтерска работа „Кумановски акцијаши“ ќе награди семејства кое се грижат за животната средина.

„Кумановски акцијаши“ ќе избираат најдобро еко-семејство

 Конкурсот е во рамки на годинашниот проект „Зелено Куманово“ чија цел е поттикнување на еколошките активности на граѓаните и подигање на еколошката свест.

– Опфатени ќе бидат само семејства кои во континутет од мај до декември водат грижа за својот двор и за делот што го зафаќа дворот од улицата, а се приклучуваат и на нашите еколошки акции – изјави Јусуф Љатифи, претседателот на здружението „Кумановски акцијаши“.

Посебна комисија во која ќе има претставници од локални институции ќе ги оценува пријавените, а наградите ќе бидат доделени во јануари наредната година.

„Кумановски акцијаши“ првпат ја организираат ваква акција, а пред десетина година имаше награда за најубаво уреден двор, но подоцна беше укината.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk