„Кумановски акцијаши“ ќе организираат хуманитарни акции

09.01.2016 12:22 | KumanovoNews

Здружението „Кумановски акцијаши“ во 2016 година ќе реализира повеќе хуманитарни акции.

„Кумановски акцијаши“ ќе организираат хуманитарни акции

Нивните хуманитарни акции ќе бидат за помагање на социјално загрозени граѓани и бездомници.

„Ќе има граѓанска хуманитарна акција за собирање на облека и обувки под назив Биди хуман и подари. Време на реализација е  јануари, мај и ноември. Целна група се бездомници и социјално најзагрозени семејства во кои има деца со посебни потреби. Хуманитарен проект народна кујна ќе има еднаш месечно. Обука на нови членови за хуманитарни мисии, акции и кампови Волонтери без граници при што целна група ќе бидат  деца, млади и граѓани над 14 години“- велат од здружението.

Оваа година „Кумановски акцијаши“ ќе организираат работилници, обуки, трибини, литературни и ликовни конкурси, чистење на повеќе локации, ќе соработуваат со сродни здруженија од други земји  и друго.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk