„Кумановски акцијаши“ добија подршка за уредување на Спомен костурницата од премиерот

26.09.2017 14:09 | KumanovoNews

Претставници од Здружението за доброволна волонтерска работа „Кумановски акцијаши“ денеска се сретнале со премиерот Зоран Заев и побарале подршка за уредување на запуштениот комплекс Спомен костурница во Куманово.

„Кумановски акцијаши“ добија подршка за уредување на Спомен костурницата од премиерот

На средбата било побарана помош за реализација на голема регионална еколошка акција во Куманово, на која ќе учествуваат слични здруженија од шест држави од поранешна Југославија вклучувајќи, ги и Косово и Албанија.

Акцијата ќе се одржи кон средината на идната година и има за цел уредување и ревитализација на локалитетот Спомен Костурница во Куманово, како и промовирање на меѓуетничка толеранција и соживот меѓу балканските народи.

Премиерот изразил поддршка за нивната работа и залагања, и ги повторил заложбите на Владата да посвети повеќе време и ресурси во поддршката на еколошките здруженија и нивните активности.

Здружението „Кумановски акцијаши“ брои 174 членови и е добитник на наградата „11 Ноември“, што ја доделува Општина Куманово за промовирање на волонтерската работа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk