Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дваесетина членови на „Кумановски акцијаши“ од недела до 7 август ќе учествуваат на работна акција во Краљево, соседна Србија.
По тој повод, градоначалникот Зоран Дамјановски организираше прем за акцијашите, при што симболично беше изврешно примопредавање на знамето на Кумановски акцијаши.
Здружението е многу активно и драго ми е што имам чест да соработуваме, бидејќи тоа е иднината на едно граѓанско општество. Ние како општина даваме поддршка, го финансираме превозот до Краљево. Еве симболично го предавам знамето на најмладиот бригадир, добро е што во вакви акции има и млади луѓе, почитувачи на работни акции и тоа не охрабрува дека се буди свеста за јавниот интерес и општото добро во државата,- изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово
Волонтерите од Куманово кои што ќе учествуваат во акцијата во Краљево ќе имаат можност да помогнат во санирање на теренот кој што бил поплавен изминатиот период.
Чест ми е што токму јас ја оформувам бригадата која што ќе ја водам во Краљево, благодарам на сите што дадоа придонес- иднината е во младите, бригадирите се на возраст од 13 до 93 години , во иднина мислам дека ќе се прошири акцијаштвото, - изјави Звонко Величковски, Здружение „Кумановски акцијаши“
Благодарност до првиот човек на Куманово кој секогаш кога побараме помош ни излегува в пресрет, се надевам дека соработката ќе продолжи, изјави Јусуф Љатифи , Здружение „Кумановски акцијаши “
Освен од Македонија и Србија во акцијата ќе учествуваат и волонтери од Словенија и Босна и Херцеговина. Акцијата ќе трае до 7 август.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk