Кумановски акцијаши на работна акција во Краљево

01.07.2016 09:17 | KumanovoNews

 Кумановски акцијаши од 24 јули до 7 август ќе учествуваат на работна акција во Краљево, Р Србија.

Кумановски акцијаши на работна акција во Краљево

 Поради тоа од понеделник започнуваат со формирање на младинска работна бригада која ќе замина на акцијата.

Би ги повикале сите млади и граѓани на Кумановокои сакат да учествуваат на ова акција најдоцна до 10 јули да се пријават на наша е-маил адреса [email protected].Покрај нашите членови сакаме да им овозможиме и на остантите наши сограѓани да земат учество на ова акција,- сопштуваат од Кумановски акцијаши.

Покрај од Србија и Македонија на акцијата во Краљево ќе учествуваат претсавници од Словенија и Босна и Херцеговина. За сите учесници е обезбедено сместување, храна, облека и превоз.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk