Кумановски атлетичар освои три медаљи во Хрватска

10.09.2013 08:57 | KumanovoNews

 Аце Јакимовски, член на атлетскиот клуб „Скок„ освои две први и едно трето место на Балканскиот ветерански атлетски шампионат, кој се одржа викендов во Загреб, Хрватска.

Кумановски атлетичар освои три медаљи во Хрватска

Во категорија М-55 во трките на 10 000 метри и 3 000 метри со пречки Јакимонски освои златни медаљи, а во трката на 5 000 метри заврши трет и бронзена медаља.

На првенството учествуваа 730 атлетичари од 12 земји. Јас бев единствениот претставник на Република Македонија. Посебно ми е драга победата во трката на 3 000 метри со пречки која ја остварив на Денот на независноста. Тоа е дисциплина на која првпат учествувам, а освојив убедлива победа пред натпреварувачите од Грција и Србија- вели Јакимовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk