Кумановски фирми на листата должници на УЈП

11.08.2015 07:51 | KumanovoNews

 Голем број кумановски фирми за увоз-извоз, бензински пумпи, чевларски компании, млекари, превозници се на листата на должници на Управата за јавни приходи.

Кумановски фирми на листата должници на УЈП

Управата за јавни приходи вчера ја објави листата на должници, за долгови доспеани до 30 април 2015 и неплатени до 31 јули 2015 година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk