Кумановски фотографи на меѓународна изложба “Душа“

11.02.2014 11:57 | KumanovoNews

Тројца фотографи од Куманово ќе бидат дел од меѓународната изложба “Душа“ која на 1 март ќе биде отворена во Крива Паланка.

Кумановски фотографи на меѓународна изложба “Душа“

 Темата е “Маж, жена и дете“ и целта е да се претстави човекот во ова денешно време и неговиот живот. Изложбата се оддржува втора година по ред и ја реализира клубот “Види“ од Крива Паланка со морална поддршка од ФКК “Козјак“ - рече Владимир Јовановски, управител на “Паравакс“ фирма за поддршка на уметнички настани.

Изборот на фотографии го направи жири составено од македонски, српски и босански познавачи на уметничката фотографија.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk