“Кумановски графичари 2013“ во Кочани

26.02.2014 08:35 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Бели мугри“ во Кочани, утре во 12.30 часот ќе биде отворена изложбатa “Кумановски графичари 2013“.

“Кумановски графичари 2013“ во Кочани

Се работи за биенален проект којшто има за цел да го претстави актуелното графичко творештво на кумановските академски графичaри. На изложбата ќе бидат изложени делата на: Зоран Јакимовски, Магда Величковска, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Тоневска, Валентина Илијевска и Симона Јaкимовска. Координатор и носител на  проектот е Центар за култура “Трајко Прокопиев“ од Куманово, а проектот е поддржан и од Министерството за култура.

Изложбата беше прикажувана во Куманово и Кратово, а во Кочани истата ќе трае до 15 март.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk