Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во петок во 19 часот, ќе биде отворена биеналната изложба на графика „Кумановски графичари 2015“.
Координатор на проектот е Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово. На изложбата учествуваат академските графичари: Зоран Јакимовски, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Мила Трендафиловска и Елеонора Накевска.
Графичкиот јазик на овие уметници од поодамна им е познат на љубителите на графиката. Се работи за концепти развивани во повеќегодишни истражувачки искуствени акции, резултирани во графички реализации коишто го имаат поминато тестот на јавноста и стручната критика.
Реализацијата на ова седмо издание на „Кумановски графичари“ е поддржано од Министерството за култура.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk