„Кумановски графичари“ во Велес

10.02.2016 10:18 | KumanovoNews

Во ликовниот салон Велес во Народниот музеј утревечер во 19 часот,  ќе биде отворена изложбата „Кумановски графичари“.

„Кумановски графичари“ во Велес

Координатор на проектот е  Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово. На изложбата учество земаа академските графичари Зоран Јакимовски, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Мила Трендафиловска и Елеонора Накевска. Изложбата беше презентирана во Куманово и во Кавадарци, а во Велес ќе биде поставена во текот на наредните десетина дена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk