Кумановски камион прегази жена во Краљево

24.06.2015 09:55 | KumanovoNews

Македонски државјанин кој управувал камион со кумановски регистарски таблички, вчера прегазил жена во Краљево, Србија.

Кумановски камион прегази жена во Краљево

Возачот Ќазим Е. (49), со камион марка мерцедес, ја прегазил Љиљана Павковиќ (62), која од повредите починала на самото место. Ќазим  излегол од кабината и побегнал, а полицијата се уште трага по него.

Сообраќајната несреќа се случила напладне, на пешачки премин, на една од најфрефентните улици во градот, додека жената се враќала од продавница.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk