Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најмалку тринаесет лекари од Здружение на матични лекари Куманово, лани заминале да работат во странство, а уште десетина планираат да ја напуштат земјата.
Лекарите најчесто заминуваат во Германија, Словенија или Америка каде ќе имаат подобри услови за работа и неколкукратно повисоки плати.
- Се работи за специјалисти, интернисти и општи лекари. Само од Куманово се неколку, а на ниво на Македонија сигурно се 50 и повеќе лекари. Голем број лекари од Куманово се запишани на курсеви за германски јазик и сакаат да си заминат поради ниските плати и честите контроли. Овде не гледаат перспектива, а оние што студираат немаат намера да конкурираат бидејќи платите се мали. Полицаец со средно школо зема 28.000 денари плата, а лекар треба да работи за 23.000 денари - вели Фатмир Асани, претседател на Здружение на матични лекари Куманово.
Асани потенцира дека македонските лекари се професионалци и затоа им се отвараат можности за вработување во Шведска, Австрија, Швајцарија, Дубаи и други држави.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk