Кумановски матурант стипендист на ФИНКИ

09.05.2012 14:11 | KumanovoNews

Бојан Трајковски од Гимназија “Гоце Делчев“ од Куманово е меѓу 16 најуспешни матуранти на натпреварот кој се оддржал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), по 23-ти пат за учениците од основните и средни училишта.

Кумановски матурант стипендист на ФИНКИ

Бесплатната стипендија на Трајковски му беше врачена од страна на деканот на ФИНКИ, д-р Димитар Трајанов.

На натпреварот учествувал 101 учесник, а учениците биле поделени во почетничка, основна и напредната група. Во основната група меѓу 12 најдобри влезе и Бојан Трајковски.

Бесплатни стипендии за студирање на овој факултет добија уште 15 ученици од повеќе градови во Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk